Страв и паника во Мексико, најмалку 240 загинати во катастрофален земјотрес (Видео)

Најновиот биланс на жртви, во силниот земјотрес кој со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди централниот дел на Мексико е 240 настрадани. Потрагата на спасувачките екипи во урнатините сеуште трае.

Најтешко од земјотресот е погодена сојузната држава Морелос во која според претходните изјави на надлежните загинале најмалку 55 лица. Гувернерот на државата Грако Рамирез рекол дека 12 лица настрадале во градот Хохтла, а четири во главниот град на оваа сојузна држава Куернавака, во кој живеат 350.000 луѓе.

 

 

Во сојузната држава Пуебла, каде бил епицентарот на земјотресот, загинале 26 лица, соопштил гувернерот на државата.

Според последните информации во Мексико Сити се урнало училиште. Настрадало 21 дете.

Во Мексико Сити неофицијално бројката на загинати изнесува 49, но властите стравуваат дека ќе расте бидејќи спасувачлите екипи пребаруваат по урнатините на неколку згради.

Најмалку десет лица настрадале во соседната сојузна држава Мексико.

 

 

Претседателот на државата Енрике Пења Нијето рекол дека во Мексико Сити се урнале 44 згради. Спасувачките екипи ппребаруваат по урнатините, а само во Мексико Сити досега биле извлечени околу 60 луѓе.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на осум километри јужно од градот Атенсинго, во државата Пуебла на длабочина од 51 километар. Гувернерот на државата објави дека најмногу оштетени згради има во градот Чолула.

Мексико на почетокот на месецот го погоди земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер. Во земјотресот смртно страдаа 90 лица. Тој земјотрес се смета за еден од најсилните кои се случиле во последните 100 години.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе