Студија: Во САД има сè повеќе масовни пукања и сè повеќе убиени

Истражувачки проект, финансиран од американската влада, покажа нагорен тренд на масовни пукања во САД, посочувајќи дека се зголемува и бројот на жртви, а повеќето луѓе кои вршат такво насилство претходно доживеале траума или се во кризна животна ситуација.

„Проектот насилство“ (The Violence Project), финансиран од Националниот институт за правда на Министерството за правда на САД, проучуваше 52 случаи на масовни пукања – дефинирани како убиство на четири или повеќе луѓе – во текот на повеќе од 50 години.

Истражувањето покажа дека од сите инциденти со масовно пукање од 1966 до 2019 година, повеќето од половина од случаите се случиле од 2000 година наваму, од кои 20 отсто се случиле од 2010 до 2019 година. Во последните пет години, просечно 51 лице годишно се убиени во масовни пукања, додека во 70-тите биле убиени во просек по осум луѓе секоја година.

Министерството за правда објави некои од главните моменти од студијата еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден и државниот обвинител Мерик Гарланд се сретнаа со градоначалникот на Њујорк за да повикаат на поголеми инвестиции во локалната полиција за борба против неодамнешниот пораст на вооруженото насилство.

– Оваа студија – една од најсеопфатните проценки на масовното насилство досега – покажува длабоко вознемирувачки тренд: повеќе Американци умираат од масовни пукања од кога било досега во поновата историја, рече Ејми Соломон, главен заменик-помошник на јавниот обвинител во Канцеларијата за правосудни програми.

Студијата ги анализирала податоците за масовните пукања користејќи јавно достапна база на податоци, а се работи за отворени извори, како весници или социјални мрежи.

Анализата на некои истражувачки податоци од Националниот институт за правда покажа дека самоубиствените намери се „силен индикатор“ за сторителите на масовни пукања. Исто така, 31 отсто од сторителите доживеале траума во детството, а 80 отсто од нив се „во криза“.

Голем процент од сторителите, 48 проценти, ги споделиле своите планови со членовите на семејството, пријателите, полицијата или непознати лица.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе