Супер вторник во Америка, најголемиот ден од кампањата за претседателските избори

Макфакс
/ 05.03.2024 / 09:34

Денеска во САД е Супер вторник (Super Tuesday), најголемиот ден од овогодинешната кампања за претседателските номинации на демократите и републиканците, бидејќи натпреварот се одржува во 16 американски сојузни држави.

Внатрешните партиски избори ќе се одржат од Алјаска и Калифорнија до Вирџинија и Вермонт и тие се клучен момент за актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп, кои се главни кандидати за претседателските номинации на Демократската и Републиканската партија, јавува Гласот на Америка.

Повеќе од една третина од вкупниот број делегати се освоени на изборите на Супер вторник, а републиканскиот кандидат може да освои 854 од вкупно 2.429 делегати, додека демократите можат да освојат 1.420, што е исто така повеќе од една третина од делегатите.

Сепак, ниту републиканците ниту демократите не можат да ја добијат номинацијата по Супер вторник. Трамп, кој е фаворит за номинацијата на републиканците, сега има 122 делегата и му требаат уште 1.093 за да ја достигне потребната бројка од 1.215, пренесува медиумот.

Бајден, фаворитот на демократите, сега има 206 делегати и има потреба од 1.986. Се предвидува дека Трамп би можел да ја обезбеди номинацијата до 12 март, а Бајден до 19 март.

Според написите, републиканците можат побрзо да го соберат потребниот број на делегати бидејќи го имаат принципот дека тој што ќе освои најмногу гласови во една држава ги добива сите делегати, додека демократите ги распределуваат делегатите по пропорционален систем. Поранешниот претседател Трамп доминира во трката на републиканците, а неговиот последен голем ривал, поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се мачи да остане во чекор, јавува Гласот на Америка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе