Суперсоничниот авион X-59 помина два клучни теста пред првиот лет

Суперсоничниот авион на НАСА Х-59 помина два клучни теста и сега е чекор поблиску до првиот лет.

X-59 е заеднички проект на НАСА и компанијата Lockheed Martin што добро напредува, а авионот е дизајниран да создаде потивок звучен излив за да може суперсоничниот авион да ја достигне брзината на звукот додека лета над населени места.

Еден од проблемите со легендарниот Concord кога беше во функција пред 2003 година беше фактот што бучавата беше толку гласна што авионот мораше да лета со помали брзини над населените места, што значи дека не можеше да ги искористи предностите од пократкиот суперсоничен лет.

Во новото видео објавено од Lockheed Martin, инженерот Мајкл Бунано рече дека X-59 успешно поминал два клучни теста, тест за отпорност на структурата и тест на системот за гориво што покажало дека авионот точно го мери горивото. Сега се во тек подготовките за првиот пробен лет.

Инженерот Тони Делгарза ја истакна важноста на аероеластичното моделирање за да се постигнат потребните „тивки“ нивоа на бучава. Овие модели беа клучни за успешниот развој на авион што не можеше да се произведе пред 20 или 30 години. Делгарза рече дека суперсоничниот удар на X-59 ќе биде силен како звукот што се слуша кога ќе тресна вратата од автомобилот, што е огромна разлика од ударот создаден од Concord, од кој може да дојде до пукање на прозорците.

Remote video URL

Ако се оди според планот, X-59 за прв пат ќе полета подоцна оваа година. Дополнителни тестови за акустични летови се планирани за следната година, а лет над населени места за почетокот на 2024 година за тестирање на јачината на избувнувањето на звукот.

После тоа, НАСА планира да ги достави резултатите од прелетот до Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Федералната управа за воздухопловство во 2027 година. Со оваа информација, регулаторите ќе можат да одлучат дали да ги променат правилата во врска со забраната за суперсонични летови над населени места. Одлуката се очекува во 2028 година.

Ако НАСА и приватните компании како Boom Supersonics бидат успешни, наскоро би можеле да видиме комерцијални суперсонични авиони во лет кои значително ќе го скратат времето на патување, а истовремено ќе ги решат проблемите со кои се соочуваше Concord.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе