Американскиот модел и ѕвезда од насловните страници на „Sports Illustrated“ Кејт Аптон викендов се омажи со бејзбол играчот Џастин Верландер.
Аптон вчера ја потврди веста и објави фотографија на Instagram од свадбата од бајките што се одржа во Италија.
„Многу сум среќна бидејќи се омажив за мојот најдобар пријател. Им благодариме на нашите семејства и пријателите што ни го направија овој викенд забавен и магичен“, напиша Аптон.
Истата фотографија ја сподели и Верландер.
„Среќна сопруга, среќен живот. Каков неверојатен почеток на нашето заедничко патување“, напиша тој.
Двојката се сврши во 2016 година по неколкугодишна врска во која имаа неколку прекини.
Аптон на венчавката носеше венчаница од тантела на „Valentino“.