Сведоштво на Албанка за ужасите во Сирија

Две години по нејзината репатријација од Сирија, Флореша Раша одлучила да зборува и да соработува со албанските правосудни органи.

Нејзиното сведочење се смета за клучна точка за истрагите на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК), за да се открие како Албанците се регрутираат и испраќаат во Сирија, каде што им се придружуваат на борците на терористичката група Исламска Држава.

– Неодамна е обелоденето сведочењето на Флореша Раша, вдовицата на Лавдрим Мухаџери, од Качаник, еден од лидерите во ИД и познат како „касапот од Качаник“, во кое оваа мајка на три деца ги раскажала траумите што ги доживеала таа и другите албански семејства. По речиси две години престој во еден центар во Драч, Флореша и нејзините три малолетни деца минатиот месец биле префрлени во тајна база, каде и биле испрашувани од антитерористичките агенти, објавија албанските медиуми.

Таа за СПАК раскажа како побегнала во Сирија.

– Шест месеци откако мојот прв сопруг Диамант отиде во Сирија, ме молеше да одам таму со децата. Ме убеди Генц Бала (самопрогласениот имам на новата џамија во Тирана, осуден, и е на издржување казна затвор за тероризам). За Сирија отпатував од Приштина со двете малолетни деца. По шест месеци откако отидов таму, мојот сопруг со кого имав ќерка и син, беше убиен. Потоа се омажив повторно, со Лавдрим Мухаџери. Во три години брак родив две деца, од кои едното почина, а ќерката преживеа. Мухаџери беше убиен од воздушен напад, по што бев принудена на брак со борец во Сирија по потекло од Иран, со кого родив дете, изјави Раша.

Во исказот додала дека во кампот во Сирија пристигнувале многу Албанци.

– Многу Албанци дојдоа во кампот. Одевме во близина на кампот на ИД и таму добивавме по 50 долари по човек и со тие пари преживувавме. Кога се случи последната битка и требаше да бидеме префрлени во логорот Ал Хол, ми ја убија ќерката што ја имав од бракот со Диамант. Во Сирија се убиени многу деца и други албански државјани, посведочи таа.

Бидејќи била во брак со Лавдрим Мухаџери, тоа се смета за клучно сведоштво и доказ за албанското обвинителство, бидејќи ги имало имињата на сите Албанци кои биле таму.

Раша раскажа и за улогата на жените во сириските логори, како и за Алрмира Кастрати, снаата на Генц Бала.

Таа додаде дека Кастрати имала клучна улога да ги убеди жените и девојките Албанки да останат во тамошните кампови и да не се враќаат во Албанија, наведувајќи конкретни имиња и помагајќи во истрагата за ова прашање.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе