30 години потоа

Светот кој требаше да се спасува и зошто го сакавме Терминатор

Пред триесет години беше прикажан најскапиот филм во тоа време “Terminator 2: Judgment Day”, за чие снимање беа потрошени 100 милиони долари. Филмот стана синоним за специјални ефекти на филм и апокалиптичната борба со технократијата, па денес е актуелен повеќе од било кога.

Се ближиме кон 2029 година, кога светот во филмот “Terminator 2: Judgment Day” поминува низ теророт на машините и вештачката интелигенција. Во времето кога беш снимен, филмот постави рекорд за најскап филм, а неговата продукција изобилуваше со специјални ефекти и стана запамтен како еден од највлиајтелните акциони научно-фантастични филмови. Најави не баш толку идеална слика за иднината на човештвото, прогнозирајќи помор на луѓето и технологија лишена од било каква човечка емоција, а дојде како продолжение на првиот Терминатор од 1984 година.

“Terminator 2: Judgment Day” како и првиот филм го режираше Џејмс Камерон, режисерско име кое стои зад филмови како “Titanic” и “Avatar”, a го претвори Арнолд Шварценегер во легенда. Австриецот од чии мускули беше потврд само неговит акцент, константно ветуваше дека ќе се врати, давајќи ни надеж во нашето колективно спасување.

Remote video URL

Откако три милијарди луѓе го изгубиле животот во нуклеарна катастрофа на 27. август 1997 година, тие кои преживеале го нарекле Судниот ден. Најсофистицираниот компјутер SkyNet во минатото испраќа киборг за да го убие идниот водач на бунтовниците во борбата на луѓето против роботите, младиот Џон Конор (Едвард Фурлонг). Меѓутоа, во минатото патува и еден кој би требало да го спаси. Терминатотрот Т-800 (Арнолд Шварценегер), идентичен како претходниот, се враќа од иднината во сегашноста, но за разлика од првиот филм, овој пат е испратен со задача да ги штити мајката и синот од новиот и напреден прототип Т-1000 (Роберт Патрик), направен од течен метал чија задача е елиминирање на синот на Сара.

Денес, повеќе од било кога е видливо дека светот почнува да заличува на фикција од апокалиптичните филмови кои Холивуд ги произведуваше за забава.

“Terminator 2: Judgment Day” беше поуспешен од оригиналот од 1984 година, освојувајќи четири технички Оскари и наклонетост на критиката, а освен по неверојатните технички ефекти го памтиме и по одличната музика - прва асоцијација на филмот е песната “You Could Be Mine” од Guns N’Roses.

“Terminator 2: Judgment Day” на некој начин беше круна на ерата на осумдесеттите, која креираше некои од најдобрите наулно-фантастични филмови со мирис на дистопија и метал, како “Blade Runner”, “Alien”, “Robocop”… и одбележа една ера во која страствено се изговараше реченицата “Hasta la vista, baby”.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе