Светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години

Светот денес е најбезбеден во последниве пет години, но останува значително помалку сигурен во споредба со периодот од пред една деценија, се наведува во најновото истражување на австралискиот Институт за економија и мир.

Институтот секоја година објавува глобален индекс на мирот, врз основа на кој се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“.

Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои се наоѓаат карактеристики како внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.

Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место на листата, исто како и лани, е Авганистан. Северна Македонија е рангирана на 65-то место. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа.

Во Извештајот за Глобалниот индекс на мирот за 2019 година се посочува дека над 400 милиони луѓе живеат во реони во кои нивото на безбеден живот е ниско и каде има високи ризици поврзани со климатските промени. Најизложени на ризик од еколошките фактори и потенцијални конфликти се државите во регионот јужно од Сахара.

Во осумте најнебезбедни земји, каде ризиците поврзани со климата се најголеми, живеат околу 103 милиони луѓе.

Основачот на Институтот за економија и мир, Стив Килелеја оценува дека Индексот на мир покажува и позитивни и негативни тенденции поврзани со безбедноста. Тој посочува дека конфликтите што доминираа во изминатава деценија, како тие во Ирак и Сирија, сега почнуваат да се намалуваат, но во исто време избувнуваат нови во Јемен, Никарагва и Турција.

На листата се рангирани вкупно 163 земји, а првата „десетка“, покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка.

На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место.

Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, Турција на 152, Украина на 150, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место.

Од земјите од регионот најдобро пласирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Грција го дели 65-то место со нашата земја, Црна Гора на 67,  Босна и Херцеговина на 81, а Косово на 86 место.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе