Светска премиера на новиот Бонд филм во Лондон, сите очи вперени во Кејт Мидлтон

Новиот филм за агентот 007 беше премиерно прикажан во Лондон, 18 месеци по планираното поради пандемијата со коронавирусот.

Британскиот актер Даниел Крег по петти пат ја одигра улогата на Џејмс Бонд во No Time To Die и со овој филм се прости од тајниот агент. Зборувајќи во живо на црвениот килим, истакна дека оваа улога е неверојатно важна за киното и историјата.

„Не ги правиме филмовите поради нас, туку заради други. Не можам да дочекам луѓето да го гледаат филмот. Пред една година, ова ми изгледаше како сон“, изјави Крег.

На свечената премиера во Лондон најголемо внимание предизвика војвотката Кејт Мидлтон, која на премиерата пристигна со сопругот Вилијам како и во друштво на принцот Чарлс и Камила Паркер. Кралската четворка позираше пред новинарите и се поздрави со актерите.

Кејт блесна во златна тоалета на Џени Пекам, со отворено деколте и го украде вниманието на медиумите, засенувајќи ги актерите на црвениот килим.

No Time To Die е најдолг филм за Џејмс Бонд и трае два часа и 43 минути. Снимањето чинеше околу 214 милиони евра и се одржа на локации во Лондон, Италија, Јамајка и во Норвешка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by People Magazine (@people)

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе