Светските берзи драстично паѓаат, каматите се очекува дополнително да растат

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инфлацијата во западните земји се уште е на високо ниво, па централните банки најверојатно ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела потона за 2 отсто, на 33.734 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,2 отсто, на 4.398 поени, а индексот Nasdaq за 0,9 отсто, на 13.660 поени.

Најголемата светска берза се најде под притисок откако извештаите покажаа дека американскиот пазар на труд и понатаму е силен. Расте бројот на вработени, како и платите.

А тоа значи дека трошењето и инфлацијата ќе останат на високо ниво, што би можело да ја натера американската централна банка да ги зголеми каматните стапки поагресивно од очекуваното.

На состанокот во јуни, лидерите на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети додека не се види како сегашното заострување на монетарната политика ќе влијае на економијата и на инфлацијата.

Аналитичарите сметаат дека е речиси сигурно дека ФЕД на состанокот овој месец ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Досега се веруваше дека ова ќе биде последното зголемување на каматите во овој циклус кој трае повеќе од една година. Сепак, со оглед на новите податоци од пазарот на трудот, можно е ФЕД да продолжи да ги зголемува каматните стапки наесен.

„Извештаите сугерираат дека ФЕД не треба да биде загрижен за можното слабеење на пазарот на трудот. Напротив, новите податоци му даваат причина дополнително да ги зголеми каматните стапки“, рече Бред Мекмилан, директор на Комонвелт финансиска мрежа.

И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонски FTSE се лизна за 3,7 отсто, на 7.256 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,4 отсто, на 15.603 поени, а париски CAC 3,9 отсто, на 7.111 поени.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Бизнис

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Read more

Како африканското злато, вредно десетици милијарди долари, завршува во Емиратите?

Read more

Германските угостители не можат да најдат доволно работници за Европското првенство

Read more

Шпаркасе Банка пионер во имплементација на платформата Отворено банкарство

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе