СЗО: Сите земји внимателно да ја следат ситуацијата со птичјиот грип

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика сите држави внимателно да ја следат ситуацијата со избивањето на птичјиот грип и веднаш да информираат за случаи на заразени луѓе, предупредувајќи дека не смеат да се пропуштат раните сигнали.

Различните варијанти на птичјиот грип минатата година се ширеа низ Европа и Азија, доведувајќи до масовно колење на живината во некои држави, како и неколку смртни случаи кај луѓе во Кина.

„Само од ноември минатата година речиси 40 држави известија за нови случаи на многу патогениот птичји грип кај живината или кај дивите птици. Географската дистрибуција на тие случаи рапидно се шири, а бројот на генетските варијанти на вирусот што моментално циркулираат ја ставија СЗО во состојба на највисоко внимание“, рече Др. Маргарет Чен, пред извршниот комитет на оваа агенција на Обединетите нации во Женева.

Во Кина од декември е забележан „изненадувачки и значителен раст“ на бројот на луѓето заразени со вирусот H7N9, а СЗО не ја отфрла и можноста дека во Кина болеста се префрлила и од човек на човек, но засега нема информации за поголемо ширење на болеста.

„Светот е по подготвен за следната пандемија на грип, откако H1N1 се прошири низ светот во 2009 и 2010 година, но недоволно“, тврди Чен и додава дека „не смееме да дозволиме да ги пропуштиме раните сигнали“. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе