ТАВ Македонија: Во моментов немаме информации од авиокомпанијата за прекин на летовите Софија-Скопје

Од ТАВ Македонија попладнево соопштија дека во моментов немаат информација од авиокомпанијата за прекин на авилинијата Софија-Скопје.

– Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање, се вели во одговорот што МИА го побара од ТАВ Македонија по информациите дека авиокомпанијата GullivAir ја прекинува продажбата на карти за оваа линија.

Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони Ex-Yu Aviation објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност.

Од Владата информираа дека воспоставувањето на авиолинијата не е субвенционирано од нивна страна и за сите одговори упатија на адреса на авиокомпанијата.

– Во однос на авиолинија Софија-Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, стои во одговорот на Владата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.

– Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, изјави Османи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе