Технолошкиот сектор го оживеа Волстрит

На Волстрит, главните берзански индекси пораснаа вчера, при што Dow Jones и S&P ги прекинаа тридневните загуби, додека Nasdaq скокна повеќе од еден процент на побарувачката за технолошки акции на грбот на оптимизмот за вештачка интелигенција.

Њујоршкиот Dow Jones порасна за 0,17 отсто, на 36.117 поени, S&P 500 зајакна за 0,8 отсто, на 4.585 поени, а индексот Nasdaq за 1,37 отсто, на 14.339 поени.

Цената на акцијата на Alphabet, матичната компанија на Google, скокна за повеќе од пет отсто откако ја објави најновата верзија на својот модел со вештачка интелигенција.

Акциите на AMD исто така пораснаа значително, повеќе од девет отсто, откако производителот на чипови процени дека потенцијалниот пазар за неговите чипови што се користат за вештачка интелигенција може да достигне 45 милијарди долари само оваа година.

Другите технолошки акции исто така забележаа значителен скок на цените, како што се Nvidia, Amazon, Apple и Meta Platforms. Од почетокот на годината, индексот на секторот за полупроводници во Филаделфија порасна за цели 48 отсто, најмногу поради тоа што инвеститорите имаат големи очекувања од вештачката интелигенција.

„Денес е подемот на AMD и Google, но заразата се шири низ пазарот. Секој сака да се качи во возот“, вели Џеј Хетфилд, управен директор во Њујоршката инфраструктура Infrastructure Capital Management.

За доброто расположение на пазарот придонесоа и најновите податоци од американскиот пазар на труд, кои покажаа дека 220.000 Американци минатата недела побарале бенефиции за невработеност, помалку од очекуваното.

За нови насоки, инвеститорите го чекаат денешното објавување на податоците за бројот на вработени во ноември, кои треба да сигнализираат колку брзо забавува американската економија, односно кога ФЕД би можел да почне да ги намалува каматните стапки. Пазарот проценува дека шансите каматните стапки да почнат да паѓаат веќе во март се речиси 64 проценти.

На европските берзи вчера индексите благо паднаа - лондонскиот Ftse индекс падна за 0,02 отсто, на 7.513 поени, франкфуртски DAX за 0,16 отсто, на 16.628 поени, а париски CAC за 0,1 отсто, на 7.428 поени.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе