Тврдел дека масакрот воопшто не се случил

Теоретичар на завери осуден да плати милијарда долари отштета во САД

На Алекс Џонс, теоретичар на заговор кој лажно тврдел дека пукањето во училиштето Сенди Хук во 2012 година е измама, му е наредено да плати 965 милиони долари отштета на семејствата на жртвите во тој масакр.

Семејствата на 8 жртви и агент на ФБИ, кој реагирал на нападот, бараа најмалку 550 милиони долари на судењето за клевета во Конектикат. Тврдат дека дезинформациите на десничарскиот радиоводител довеле до децениско вознемирување и закани со смрт.

Во основното училиште Сенди Хук беа убиени 12 деца и 6 возрасни лица. Џонс со години тврдеше дека масакрот е лажен, владина завера за да се одземе оружјето од Американците. Тврдеше дека „никој не умрел“.

Родителите на жртвите ги нарече „кризни актери“ и тврдеше дека некои од нив не ни постојат.

Денес, Џонс признава дека нападот бил „100% вистински“, а тоа го призна во август на одвоено судење за клевета во Тексас.

Додека беше читана пресудата, членови од семејствата на жртвите беа видно емотивни, а некои и се расплакаа. Судењето беше одбележано од емотивното сведочење на родителите кои останаа без деца. Некои опишаа дека биле изложени на интернет омраза, а други дека морале постојано да се преселуваат поради безбедносни причини. Еден од родителите, Марк Барден, раскажа како слушнал дека луѓе го сквернават гробот на неговиот син Даниел, „мокрејќи по него и заканувајќи се дека ќе го ископаат“.

Поротниците исто така слушнаа и докази дека Џонс и неговата компанија заработиле милиони долари од продажба на додатоци за исхрана, опрема за преживување и други производи. Тој апелираше до неговите обожаватели да дадат итни донации и вети дека средствата нема да одат за неговите правни трошоци, туку за „стабилизација на компанијата и борбата против оваа измама“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more
 

Магазин

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе