Тешка сообраќајна незгода во Дебар, седуммина повредени, двајца потешко

Попладнево на излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа.

– По дојава од граѓанин веднаш на местото на настанот испративме возило за брза помош. Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди. На сите им е дадена соодветна здравствена услуга. Еден од повредените, жител на Дебар, кој имаше тешки повреди е транспортиран во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, додека жена од Новак е под наша опсеврација во хируршкото одделение, но доколку има потреба и неа ќе ја транспортираме во друга соодветна установа, изјави за МИА Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

Останатите пет лица се соодветно третирани и се во добра здравствена сосотјба, но поради стресот што го преживеале, според Алили, ќе останат неколку часа во болницата, по што ќе заминат во своите домови.

На местото на настанот се врши увид, а сообраќајот се пренасочува преку населбата Венец два.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе