Тиаго Силва ја откри тајната на долговечноста: Младите мислат дека тоа е фрлање пари

Искусниот фудбалер на Челси Тиаго Силва игра на високо ниво и на 40-годишна возраст и е стандарден играч во стартниот тим на лондонските сини.

Брилијантниот Бразилец не пропушти ниту една минута на теренот во десет натпревари од новата сезона на англиската Премиер лига, а за The Guardian ја откри тајната на својата долговечност.

Како што рече Силва има седум вработени кои се грижат за неговата форма и кариера воопшто. Тимот од седум експерти го сочинуваат лекар, физиотерапевт, нутриционист, агент, адвокат, ПР менаџер и личен тренер.

Силва на персоналот гледа како на инвестиција и главна причина зошто неговата славна кариера трае толку долго, а ги критикуваше и помладите колеги кои сметаат дека тоа е фрлање пари.

„Младите денес, многумина од нив, таквата инвестиција ја гледаат како трошок. Тие мислат дека е губење пари да има некој на нивна страна. Мислат дека трошат пари со тоа што ќе им помогне стручно лице. Мислам дека тоа е само спротивно: тоа е инвестиција“, рече Силва за The Guardian.

URL

Тој ја објасни својата секојдневна рутина низ која поминува со години и се пошегува дека 24 часа не му се доволни за да направи сè.

„Ова е мојот ден од утро до вечер: Се будам околу 8 часот наутро и треба да бидам на тренинг кампот до 8:45. Доаѓам, пијам кафе, го правам тоа што треба да го правам пред тренинг и потоа следува тренинг. Овде во клубот правам закрепнување после тренинг, па доаѓам дома и се одморам во хипербарична комора два часа. Се будам и потоа мојот тим од специјалисти е подготвен да продолжи закрепнувањето. Има и храна,попладне ужина и вечера, суплементи... Се трудам да бидам достапен дома за моето семејство. Секој ден е ист. Тренирам помалку од порано, а повеќе сум посветен на закрепнувањето“, откри тој.

Силва е член на Челси од летото 2020 година, кога на слободен трансфер пристигна од Пари Сен Жермен. Претходно играше за Милан, Флуминенсе, Динамо Москва и Порто. За репрезентацијата на Бразил одигра 113 натпревари.

Тагови
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе