Time-lapse: Рушење на јужната трибина на стадионот на Аталанта во 72 секунди

Калчолигашот од Бергамо ја започна последната фаза од реновирањето на стадионот „Гевис“ со рушење на јужната трибина, популарната Курва Суд.

Стадионот познат како „Комунале“ беше откупен од страна на клубот во мај 2017 година за 8,6 милиони евра и веднаш се започна со реновирање за новиот стадион да ги задоволува критериумите на УЕФА за играње меѓународни натпревари. Две години подоцна, откако беше склучен договор со компанијата за електроника Gewiss, стадионот беше преименуван и така ќе се вика барем до 2025 година, до кога е договорот.

Прво беше реновирана северната трибина, Курва Норд „Федерико Пизани“, сега со капацитет од 9 илјади седишта. Во 2020 година се почна со реновирање на двете големи трибини, по што УЕФА веќе ѝ дозволи на Аталанта да игра и натпревари од Лигата на шампионите на овој стадион.

Остана уште трибината Курва Суд, која според предвиденото требаше да биде готова во 2021 година, но работите се пролонгираа, па демолирањето почна дури сега. Трибината ќе го има истиот лик како и новата Курва Норд, а по завршувањето на градежните работи вкупниот капацитет на стадионот „Гевис“ ќе биде 25 илјади.

Се очекува трибината да биде завршена наредното лето, а во меѓувреме Аталанта ќе може да игра натпревари на стадионот.

Вака изгледаше демолирањето на Курева Суд трибината:

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе