„Тивката“ Меланија или „совршената“ Џил – која ќе биде прва дама на САД?

Институцијата прва дама е многу важна во Америка. Од првиот работен ден на новиот претседател, Американците почнуваат да се занимаваат со нејзиниот живот, избори, ставови и навики. Наскоро ќе знаеме дали тоа ќе биде актуелната прва дама Меланија Трамп или сопругата на Џо Бајден, Џил Бајден.

Дискретната Меланија Трамп ѝ е позната на американската јавност, иако не беше премногу експонирана. Поголемиот дел од своето време го помина во длабоката сенка на нејзиниот сопруг Доналд, јасно покажувајќи дека нема намера да го преземе шоуто. На почетокот, јавноста главно се занимаваше со нејзиниот изглед и стилот на облекување. Во тој период, таа не се одвојуваше од нејзиниот син Барон, за кого постојат шпекулации дека тој често зборува со мајка му пред Доналд на словенечки јазик за да не ги разбира.

Потоа на ред дојде врската на Меланија со нејзиниот сопруг. Јавноста процени дека не е баш одлична, затоа што многу често беа „фатени“ во моменти кога таа одбиваше Доналд да ја држи за рака, се оддалечуваше од него, правеше гримаси на работите што тој ги кажуваше и одбиваше да го слуша кога ќе ѝ шепотеше нешто во официјални ситуации.

Од другата страна на масата е Џил, за која малку се знае. Џил е отворена, но не премногу интригантна книга за јавноста.

Познато е дека пред нејзиниот брак со Џо Бајден, таа веќе беше омажена и бракот траеше пет години. Но, дури и нејзината биографија не е без никакви дамки. Според озборувањата, Џил се развела од првиот сопруг токму затоа што го запознала Бајден и започнала афера со него, информација што таа ја демантира.

За Меланија ќе го најдете и видеото во кое Доналд Трамп се свртува кон неа, таа му се насмевнува, а потоа откако тој ќе се заврти таа има изглед на ужаснатост на лицето. После тоа, имаше иницијатива за „ослободување на Меланија“. Интернетот беше преплавен со фотографии на луѓе со транспаренти „ослободете ја Меланија“, кои се убедени дека поранешната манекенка е насила држена покрај Доналд.

Remote video URL

За Џо Бајден, неговата девет години помлада сопруга беше спас кога ги загуби првата сопруга и детето во сообраќајна несреќа и оттогаш е со него. Доколку тој стане претседател, таа ќе биде единствената прва дама што ќе продолжи да работи – како професорка по историја - и покрај тоа што ќе живее во Белата куќа.

Многу се зборува за Меланија поради нејзиниот беспрекорен стил, кој беше мета на критики само неколку пати кога јавноста процени дека таа не се облекува во согласност со ситуацијата – на пример, се појави на настан за поддршка на жртвите од поплавите во високи потпетици.

За разлика од Меланија која честопати изгледа како да не може да го гледа сопругот, а модните избори се првиот синоним за неа, Џил најчесто е во фокус затоа што во неколку наврати јавно го бранеше Џо Бајден, па дури и во една ситуација кога неколку демонстранти го нападнаа додека држеше говор.

Кога ќе бидат познати резултатите од изборите, ќе знаеме дали Меланија ќе продолжи да биде прва дама покрај Доналд Трамп, или пак Џил ја преземе диригентската палка, па ќе видиме што медиумите ќе „ископаат“ за новата прва дама.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе