Тивки симптоми на анемија кои не смее да се игнорираат

Анемијата се дефинира како здравствен проблем кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца кои носат кислород низ целото тело. Постојат многу видови на симптоми на анемија. Некои луѓе, како оние со српеста анемија или таласемија, се анемични од раѓање.

Нивните тела генетски наследуваат тешкотии во производството на црвени крвни зрнца или одредени делови од црвените крвни зрнца.

Сепак, поголемиот дел од населението со текот на времето станува анемично ако не консумира доволно железо или витамин Б12, кои заедно со фолатите се неопходни за производството на здрави црвени крвни зрнца.

Затоа некои од симптомите на анемија не треба да се игнорираат.

Честа вртоглавица и останување без здив

Без доволно железо или витамин Б12, телото не може да произведе доволно специфичен тип на протеин наречен хемоглобин, кој е од суштинско значење за функционирањето на црвените крвни зрнца. Хемоглобинот, кој е толку богат со железо што на крвта ѝ дава црвена боја, дозволува кислородот да се врзе за клетките, така што клетките можат да го носат во крвотокот низ телото. Кога нема доволно железо или витамин Б12 за да се создадат соодветни количества хемоглобин, некои делови од телото нема да го добијат потребниот кислород.

Резултат: Некои симптоми на анемија се такви што ве оставаат без здив и понекогаш добивате толку малку кислород што чувствувате несвестица или вртоглавица.

Секогаш сте уморни

Еден од најчестите (и најочигледни) симптоми на анемија е општо чувство на исцрпеност. Заморот е предизвикан од истиот процес кој предизвикува отежнато дишење и вртоглавица: без доволно железо или витамин Б12, нема доволно хемоглобин, а без доволно хемоглобин нема доволно кислород за гориво на телото.

Болка во градите

Кога циркулираат помалку здрави црвени крвни зрнца, срцето мора да работи уште понапорно за да ги движи низ телото. Како резултат на тоа, срцето чука побрзо од нормалното и може да почнете да чувствувате напнатост како болка во градите.

Рацете и нозете ви се ладни

Ако забележите дека екстремитетите ви се поладни од вообичаено, ова може да биде знак за недостаток на железо или анемија. Причината за ова е затоа што кога сте анемични, немате доволно здрави црвени крвни зрнца во вашето тело. Железото им помага на овие крвни зрнца да доставуваат топлина и хранливи материи до останатите ваши клетки, така што кога имате недостаток сте повеќе склони кон студ.

Тешки главоболки

Повеќето од нас добиваат главоболки од време на време, од стрес, недостаток на сон, болест и други причини. Но, ако имате повеќе главоболки од за вас нормалното, можеби е време да го проверите нивото на железо. Ниското ниво на железо може да значи дека недоволно кислород доаѓа до мозокот.

Што да направите ако сте анемични?

Ако имате некој од овие симптоми на анемија и мислите дека можеби сте анемични, важно е да го посетите вашиот лекар за евалуација за да се утврди точно каков тип на анемија имате и што треба да направите за да ја лекувате.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе