Disney објави нов трејлер за филмот „Pinocchio“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето.
Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче.
Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен.
Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.