Том Хенкс за прв пат во вестерн филм, погледнете како се снајде во „News of the World“

Иако му го позајми гласот на каубојот Вуди од анимираниот серијал „Toy Story“, актерот Том Хенкс никогаш не играл во вестерн филм, сè до новиот филм на Пол Гринграс, „News of the World“.

Бројни генерации пораснаа со овој жанр, а трендовите во американската кинематографија најчесто ги заобиколуваат вестерн филмовите. Но, одвреме-навреме може да видиме добри вестерн филмови од режисери како Квентин Тарантино и Алехандро Гонзалес. Всушност, Тарантино е режисер кој е познат по тоа дека упорно истакнува како вестерн филмовите се негов омилен жанр.

Најновиот филмски проект на режисерот Пол Гринграс е во вестерн атмосфера, дејството се одвива во 1870 година во Тексас. Главниот лик е конфедерацискиот капетан Џеферсон Кајл Кидо (Том Хенкс) кој по Граѓанската војна останал без сопругата, па трауматизиран патува низ Југот, каде заработува за живот така што им чита вести на неписмените луѓе.

Напуштајќи едно од гратчињата, ќе наиде на нападната кочија и линчуван црн маж, кој по налог на војската превезувал девојче (Хелена Зенгел). Девојчето неколку години претходно било киднапирано од Индијанци. Кид ќе има отежната комуникација со детето, кое не знае да зборува на својот мајчин јазик и не се сеќава на сопственото семејство.

Од документацијата ќе дознае дека девојчето е ќерка на германски доселеници кои биле убиени од Индијанците. Убиениот писмоносец требало да го однесе девојчето кај роднини во германска заедница во Тексас. Кид одлучува да ја исполни таа мисија.

Филмот премиерно беше прикажан на 9 февруари на Netflix,  а во последните денови критичарите најмногу зборуваат за него. Филмот е снимен во пустина, во друштво на змии отровници и непријателско опкружување, но носи моќна порака и навистина вреди да го изгледате.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе