Тоти проговори за разделбата со сопругата: Разводот беше неизбежен

Бракот на легендарниот Франческо Тоти со ТВ-водителката Илари Бласи заврши по врска од 20 години, а фудбалерот соопшти дека разводот бил неизбежен.

И двајцата се запознаа во 2002 година,  кога веќе беа славни личности, откако Тоти остави трага во репрезентацијата на Италија и тогаш со Рома ја освои Серија А.

Парот се венча на 19 јуни 2005 година, а церемонијата на венчавката одеше во пренос во живо на Скај спо. Приходот од преносот беше наменет за хуманитарни цели. Од бракот имаат три деца, Кристијан роден во ноември, 2005 година и сега играч во младинската академија на Рома, Шанел во мај, 2007 година и Изабел во март, 2016 година.

Нивниот однос исто така неодамна беше прикажан во ТВ-серија која се темели на кариерата на Тоти.

Приказни за нивната разделба има уште од февруари, кога се шпекулираше дека Тоти има афера со Ноеми Бочи, но брачниот пар повеќе пати ги демантираше тие наводи.

Сепак, сега е конечно крај бидејќи Илари со изјава потврди дека бракот со Тоти е готов.

„По 20 заеднички години и три фантастични деца, мојот брак со Франческо е готов. Процесот на разводот ќе остане приватна работа и веќе нема да давам изјави. Ги повикувам сите да избегнуваат ширење претпоставки и да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, напиша Илари.

Иако првично беше кажано дека ќе објават заедничка изјава, ситуацијата не беше таква па Тоти подоцна објави и негов коментар:

„По 20 години минати заедно, мојата врска со Илари за жал заврши. Се што кажав и направив во последните месеци беше за заштита на нашите деца кои се и секогаш ќе бидат апсолутен приоритет во мојот живот. Се обидов да ја преминам кризата во нашиот брак, но денес сфаќам дека изборот за развод, без разлика колку е болен, повеќе не може да се избегне. Ќе продолжам заедно со Илари во одгледувањето на нашите три прекрасни деца, и секогаш со голема почит кон мојата сопруга“, порача Тоти.

URL
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе