Трамп демантира дека планирал државен удар доколку победи Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година.

– И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша поранешниот претседател на Telegram.

Трамп го исмеа претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања.

Според него, Мили би бил последната личност со која ќе изврши државен удар доколку некогаш сака на таков начин да дојде на власт, додавајќи дека никогаш немал такви намери.

СNN претходно објави извадоци од сè уште необјавената книга на репортерите на Washington Post, Керол Леониг и Филип Ракер, „Можам сам да се изборам“, во која се тврди дека Мили и други високи воени функционери подготвиле неформални планови за да се спротивстават на обидите на Трамп и неговиот сојузници да извршат државен удар.

Доналд Трамп тврдеше дека претседателските избори во 2020 година се украдени и дека го победил Џо Бајден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе