Трамп: ЕУ е само германски инструмент, НАТО е застарен

Германска канцеларка Ангела Меркел е далеку најважната европска челничка, а НАТО во сегашната форма е застарен, истакнува во заедничко интервју за германските и британски медиуми новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Како своја главна цел, новиот американски претседател Доналд Трамп ги наведува поправедните трговски договори за САД и посилните граница. Воедно најавува дека фокусот на неговиот кабинет ќе биде ставен на паметната, а не толку на слободната трговија.

САД мора да го решат својот трговски дефицит со другите земји, особено со Кина, додава Трамп во големото интервју за надворешната политика, дадено за високотиражниот германски дневен таблоид Bild и за британскиот весник The Times.

Канцеларката Ангела Меркел е далеку најважниот европски челник, тврди притоа новиот американски претседател. „Доколку ја погледате Европската унија, ќе видите дека тоа е всушност е Германија, инструмент на Германија“, рече Трамп.

Германската канцеларка, сепак, направила „катастрофална грешка, примајќи во земјата толку нелегални доселеници“, објаснува Трамп.

Го поврзува прашањето на доселувањето со британската референдумска одлука за излегување од Европската унија.

„Навистина сметам дека ќе го немаше Брекзитот доколку (во ЕУ) нема принудени да ги примат сите тие бегалци, толку многу луѓе со сите тие проблеми што сето тоа ги носи. Веројатно таа приказа (со ЕУ) би можела да успее, но беше тоа последната капка што ја прели чашата“, оценува Трамп.

Според него, Британија е многу паметна затоа што одлучи да излезе од ЕУ.

Тој прогнозира дека и некои други земји ќе го следат британскиот пример.

„Мислам дека луѓето сакаат… свој идентитет, и доколку мене ме прашувате… мислам дека и други земји ќе излезат од Европската унија“, вели Трамп.

Истакнува дека неговата појдовна точка ќе биде „доверба во односот кон рускиот претседател Владимир Путин и кон госпоѓата Меркел“, а потоа ќе види како работите ќе се одвиваат натаму.

Запрашан за можен договор со Русија, изјави дека тој би требало да го вклучува нуклеарното оружје, што според него би требало да биде „многу намалено“, во замена за укинувањето на американските санкциите против Русија наметната поради нејзината наводна улога во украинската криза.

Коментирајќи ја состојбата на Блискиот исток, Трамп вели дека одлуката за инвазијата врз Ирак во 2003 година можеби била најлошата одлука донесена во историјата на САД. Истакнува, исто така, дека во Сирија би требало да бидат воспоставени безбедносни зони што би ги финансирале американските сојузници во регионот на Персискиот залив, кои ја поддржуваат сунитската вооружена опозиција.

Во корпусот прашања во врска со меѓународната безбедност, новоизбраниот американски претседател потсетува дека „веќе одамна кажав дека НАТО има проблеми“.

„Првиот е тој што НАТО е застарен, бидејќи е осмислен пред многу години. Вториот проблем е што земјите не ја плаќаат (членарината) колку што би требало. Само пет земји ја плаќаат соодветната членарина. Пет. Тоа е малку… Кога тоа ќе се стави настрана, морам да кажам дека НАТО за мене е многу важен“, заклучува Трамп.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе