Трамп го симна Обама од врвот и сега тој е човекот на кого му се восхитуваат

Доналд Трамп е на врвот на листата за луѓе на кои останатите најмногу им се восхитуваат откако оттаму го симна Барак Обама.

Според годишната анкета на Gallup сега личност на која најмногу ѝ се восхитуваат е претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп. Тој успеа до толку да ги освои Американците, што иако не го реизбраа, по цели 12 години му ја доделија оваа утешна титула на сметка на Барак Обама. Претходникот на Трамп заврши втор, додека новоизбраниот претседател Џо Бајден и е на третото место.

Осмунаесет отсто од испитаниците одговориле дека најмногу му се восхитуваат на Доналд Трамп, додека 15% одговориле дека тоа е Барак Обама, објави денеска Gallup. Бајден, пак, успеа да восхити само 6%.

До топ 10 се најдоа и д-р Ентони Фаучи, папата Франциск, Елон Маск, Бил Гејтс, сенаторот Берни Сандерс, Леброн Џејмс како и Далај Лама.

На дури 60 од 74 години, колку што постои изборот, победува актуелен претседател на САД. Трамп беше втор зад Обама во 2017 и 2018 година, додека двајцата беа израмнети лани. Обама победуваше 12 години по ред.

Кај понежниот пол, трета година по ред победи Мишел Обама, пред Камила Харис, Опра Винфри, Александриа Окасио-Кортес и Хилари Клинтон.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе