Трамп победи и во Јужна Каролина на изборите за републикански претседателски кандидат

Макфакс
/ 25.02.2024 / 09:26

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември.

„Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. Само посакувам да направиме избори во партијата побрзо“, рече синоќа Трамп.

Ривалката на Трамп, Хејли (52), која беше гувернерка на Јужна Каролина, му честиташе на Трамп и рече дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во три други сојузни држави – Невада, Њу Хемпшир и Ајова.

Нејзиниот предизборен тим соопшти дека планираат да потрошат повеќе од еден милион долари за реклами во 15 држави кои гласаат на 5 март, познат и како „супер вторник“, јави The Washington Post.

Нејзиниот тим планира денеска и утре да го посети Мичиген, по што ќе следат посети на најмалку шест други држави кои гласаат на 5 март.

„Мојата желба за номинација е поттикната од фактот што имате мнозинство Американци кои велат дека не ги сакаат ниту Трамп ниту Џозеф Бајден за претседател. Сè додека имате мнозинство Американци кои велат „ве молиме дајте ни шанса“, јас ќе продолжам да се борам, рече Хејли.

Сепак, изборниот штаб на Трамп ги отфрли континуираните напори на Хејли да остане во трката за номинација, велејќи дека „нејзината заблуда го поматува нејзиното расудување и оти таа не живее во реалниот свет“.

реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Свет

Силен земјотрес во Турција

Read more

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Read more

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Силен земјотрес во Турција

Читај повеќе

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе