Трамп поднесе кандидатура за претседателските избори во 2024

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.

„Враќањето на Америка започнува токму сега“, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година.

„Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.

Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе