Трамп призна дека примил бустер доза, го исвирка сопствената публика

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп беше исвиркан од дел од неговата публика, откако тој призна дека примил трета, бустер доза од вакцината против коронавирус.

Трамп беше исвиркан на неговата сопствена турнеја, односно на еден панел чиј домаќин беше поранешниот водител на Fox News, Бил О'Рајли. Во видеото што кружи на социјалните мрежи, а О'Рајли вели:

„Јас и претседателот сме вакцинирани“, а потоа го прашува поранешниот претседател на САД: „Дали ти прими бустер?“

По кратка пауза, Трамп одговара со „да“, а потоа дел од публиката го исвиркува, се гледа во видеото објавено на Twitter од No Spin News на О'Рајли.

„Немојте, немојте, немојте, немојте, немојте“, вели поранешниот американски претседател, со намера да ги замолчи.

„Во ред е. Таму има една помала група“, вели тој, покажувајќи кон публиката.

URL

„Земете заслуга“

Иако на крајот на мандатот и потоа, постојано ги истакнуваше напорите на неговата администрација како една од причините зошто Американците можат да се вакцинираат против короната, Трамп ретко зборуваше за неговата вакцинација, а често се обидуваше да ги разубеди другите да не се вакцинираат.

Во друг, нешто подолг клип, објавен на страницата на О'Рајли, Трамп ги предупредува своите обожаватели дека „одат против своја корист“ кога ја одбиваат вакцината.

„Гледате, направивме нешто историско, спасивме десетици милиони животи ширум светот. Ние, заедно, сите ние, а не јас“, вели Трамп на снимката непосредно пред да биде исвиркан.

Тој потоа вели дека „короната можеше да ја опустоши земјата многу полошо отколку што е сега“, бидејќи не беа развиени вакцини.

„Преземете заслуга за тоа. Тоа е одлично. Она што го направивме е историско. Не дозволувајте да ви го одземат тоа. Не одземајте си го“, рече Трамп.

„Одите против своја корист кога викате ‘Ух, таа вакцина’. Ако не сакате да ја примите, не треба да бидете принудувани. Нема принуда. Но земете заслуга за спасувањето на десетици милиони животи. Земете заслуга. Не дозволувајте да ви го одземат тоа.“

Во септември рече дека веројатно нема да земе бустер доза

Трамп заболе од COVID-19 додека беше претседател, а првата доза од вакцината ја прими веднаш откако ја напушти Белата куќа. CNN објави неколку месеци подоцна дека вакцинацијата на Трамп не била снимена од официјален фотограф или некој од Белата куќа.

Трамп во интервју за Wall Street Journal во септември рече дека веројатно нема да земе бустер доза.

„Јас сум во добра форма и веројатно нема да земам бустер доза“, изјави тој тогаш за WSJ.

„Ќе видам подоцна. Не сум против бустер дозата, но веројатно не е за мене“, додаде тој.

Не е првпат да биде исвиркан кога станува збор за вакцините

Ова не е првпат Трамп да биде исвиркан кога станува збор за вакцините.

„Целосно верувам во вашите слободи. Верувам. Морате да го правите тоа што треба. Но препорачувам, вакцинирајте се. И јас се вакцинирав. Тоа е добро. Вакцинирајте“, рече тој на митинг во Алабама во август.

Дел од публиката и тогаш го исвиркуваше, на што Трамп рече:

„Не, тоа е во ред. Во ред“, рече тој, очигледно мислејќи на дел од сопствената публика на кој не му се допадна неговиот став за вакцинацијата, па заклучи:

„Имате слобода на избор, но се случи јас да ја примам вакцината. Ако не делува, вие ќе бидете први кои ќе дознаат, во ред?“, рече тогаш Трамп.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе