Трамп: Разгледуваме пет локации за состанокот со Ким

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека се надева на состанок со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, како и тоа дека за местото на кое треба да се одржи средбата се разгледуваат пет локации.

Меѓутоа, тој не ја отфрли можноста и состанокот воопшто да не биде одржан.

Трамп рече и дека Јужна Кореја има негов благослов да се обиде да ја заврши војната со Пјонгјанг.

„Луѓето не сфаќаат дека Корејската војна не е готова. Токму сега се одвива. И тие разговараат за крај на таа војна. Го имаат мојот благослов да разговараат за крај на војната“, изјави Трамп.

Тој кажа дека САД почнале директни разговори со Северна Кореја на „екстремно високо ниво“, за да се обидат да го договорат неговиот состанок со Ким.

„И навистина верувам дека добрата волја ни овозможува да се случуваат добри работи. Ќе видиме што ќе се случи, бидејќи на крајот се смета резултатот, а не фактот дека размислуваме за состанок“, изјави Трамп.

Тој спомена и дека е возможно дипломатските напори за организација на тој состанок да пропаднат.

Американскиот претседател го прими јапонскиот премиер Шинзо Абе во Флорида, со кој освен за Северна Кореја разговараше и за трговски, воени и безбедносни прашања.

Јапонскиот премиер истакна дека му се восхитува на Трамп поради „храброста“ да се сретне со севернокорејскиот лидер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе