Трамп се огласи за првпат откако не е претседател

Доналд Трамп се огласи во јавноста за првпат откако ја напушти функцијата претседател на САД и изрази гордост што бил дел од филмот „Home Alone 2“.

Бизнисменот и поранешен претседател на најмоќната земја во светот исто така се пофали со појавувањата во „Zoolander“, емисијата „Wall Street: Money Never Sleeps“ и серијата „The Fresh Prince of Bel Air“ во писмото што вчера го испрати до холивудскиот синдикат SAG-AFTRE за да го повлече членството во организацијата.

Раководството на SAG-AFTRE претходно разговараше да го исклучи Трамп од членството по немирите во Капитол хил на 6 јануари, за кои Трамп е обвинет дека ги поттикнал.

Во следните денови требаше да се соочи со дисциплинско сослушување пред синдикатот, но Трамп одлучи да го напушти синдикатот во свој стил.

„Денес ви пишувам за таканаречено дисциплинско сослушување за укинување на моето членство во синдикатот. Кому му е гајле! Иако не сум запознаен со вашата работа, јас сум многу горд на мојата работа на филмови како Home Alone 2, Wall Street: Money Never Sleeps, The Fresh Prince of Bel Air, Saturday Night Live, и секако, една од најуспешните емисии во историјата на телевизијата The Apprentice“, напиша Трамп во писмото.

„Што ме доведува до вашиот очигледен обид за бесплатно медиумско внимание за да го оттргнете вниманието од вашето матно работење како синдикат. Вашата организација не направи многу за своите членови и ништо за мене - освен собирање членарина и промовирање опасни неамерикански политики и идеи - за што сведочат вашите масовни стапки на невработеност и судските процеси од славни актери, кои дури и снимија видео со прашањето: Зошто синдикатот не се бори за мене?“, напиша Трамп.

Тој зборуваше за видеото што ѕвездите го споделија лани, а меѓу нив беа и Вупи Голдберг и Марк Хамил, кои го нападнаа синдикатот за намалување на поволностите за здравствено осигурување за членовите.

Формално повлекувајќи се од синдикатот, во кој се приклучи во 1989 година, Трамп продолжи:

„Повеќе не сакам да бидам поврзан со вашиот сојуз. Со ова писмо ве известувам за моето итно повлекување од SAG-AFTRE“, завршува Трамп.

Писмото на Трамп го сподели и Fox News.

Синдикатот на холивудската шоубизнис индустрија му одговори на Трамп со само два збора.

„Ви благодариме“, му одговорија оттаму на „детинестото писмо“, пренесе германската новинска агенција Deutsche Presse-Agentur.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе