Трендафилов: Судиите што биле во пелени кога се градел Работничкиот дом одлучија да го одземат од ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија, како единствената класна и работничка организација, која опстојува од 1946 година, денеска се соочува со најголемиот напад за егзистирањето на ССМ, вели претседателот на Сојузот, Слободан Трендафилов.

„Поради сè што правевме во минатото, организирањето на протестите, штрајковите, борбата за подобрување на работничките права, борбата за зголемување на платата на работниците, очигледно беше кнедла во грлото на многу функционери, на многу судии, на многу избрани и именувани лица, кои сакаат на некој начин да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија, да го дисциплинираат ССМ и на таков начин да го уништат“, рече Трендафилов.

Тој посочи дека ССМ добил неофицијални информации дека Врховниот суд донел пресуда со која му се одзема Работничкиот дом.

„Добивме неофицијални информации за кои ние сè уште не сакаме да веруваме дека се такви, дека Врховниот суд донел некаква си пресуда со која се одзема Работничкиот дом, домот кој е граден од средства на работниците во 1958 година. Врз основа на целокупната документација со која располагаме, инвестирани се 430 милиони динари тогашни, или повеќе од 8 милиони долари во денешна противвредност. Имот што е граден од членарина, пред сè, од пари на работниците, од платата на работниците“, изјави Трендафилов.

„Врховниот суд, имајќи предвид дека е највисоката судска инстанца во државата, одлуката не може да се оспори во домашното право и законодавство, туку надвор. Донел некаква пресуда, која ги поништува сите постапки почнати од 1992 година од тогашните влади, функционери, правобранители, кои се во име на ССМ, врз основа на целокупните аргументи, повеќе од 15 судски пресуди, 6 само во последниот случај од 2005 до денеска, повеќе од 15 решенија на управни институции, управни органи, преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата во тој систем и денеска и поради тоа што денешните судии што претседавале со советот во Врховниот суд, кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава, од која Македонија била дел.

Сме успеале да го зачуваме имотот на работниците, сме се бореле, а Врховниот суд нè спречил општествениот имот на граѓаните, и работниците и на фирмите да биде разграбан од олигархијата и тоа што ние успеавме да го зачуваме денеска сакаат да го земат.

Работничкиот дом го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе го преживее и потресот од Врховниот суд, кој се обидува на ваков начин да го направи. Дали Врховниот суд ќе ги преживее потресот и гневот на работниците и гневот на ССМ, останува да видиме“, рече претседателот на ССМ.

„Симптоматично е тоа што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката од 2005 година додека извршувал функција заменик-јавен правобранител и сакал да го земе Работничкиот дом, за денеска, кога е претседател на Врховниот суд, да се преиначат сите постапки во кои тој бил неуспешен и на таков начин да ја одземе зградата од позиција на моќ“, додаде Трендафилов.

Како што рече тој, ќе го повикаат Советот на судии на одговорност, а од претседателот на Врховен ќе се побара оставка.

„Денеска, беше одржана вонредна седница на ССМ и побараа оставка од сите. Ќе побараме распад на Врховниот суд. Жално е што денеска во Македонија ни се случува истото како во 1933 година во фашистичка и нацистичка Германија“, рече тој.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе