Трговската војна на Трамп - признание за слабоста на Америка

Кога се заканува со воведување на царини за кинеските стоки, американскиот претседател Доналд Трамп прави економска грешка која може скапо да ги чини производителите и потрошувачите во САД. Тоа го покажува ликот на една збунета Америка, која Кина може да ја помести во сите сектори.

Трговската битка меѓу САД и Кина за челикот, алуминиумот и другите стоки го покажува целосниот презир на Доналд Трамп кон мултилатералните договори и Светската трговска организација - институција создадена токму за решавање на трговските конфликти.

Пред да објави дека воведува царини од 25 отсто за над 1.300 кинески производи, чии вкупен увоз во САД изнесува 60 милијарди долари годишно, Трамп реши да воведе повисоки царини за челикот и алуминиумот во износ од 25, односно десет проценти. Таквата мерка тој ја оправда со прашања поврзани со националната безбедност, нагласувајќи дека царините на увозот на алуминиумот ќе бидат доволни да се пружи отпор на една вистинска стратешка закана.

Спорна стратегија

Поголемиот број експерти меѓутоа ги оспоруваат ваквите тврдења.

Трамп изнесува сопствени аргументи дека ги ослободил од плаќање царините за поголемиот број од земјите извознички на челик во САД. Од царините тој ја исклучи Канада, што е согласно со Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА). Со ова Трамп и се закани на земјата дека ќе преземе мерки против неа, доколку не го прифати неговиот диктат.

Во пракса тој реши да ја зголеми царината за челикот во момент кога неговата цена порасна за 130 отсто, пред се, поради кинеската политика за намалување на сопственото производство.

Со своите одлуки Трамп не само што создаде проблем кој пред тоа и не постоеше, туку и ги подгреа страстите и ги загрози односите на САД со главните сојузници. Уште пострашно е тоа што неговите одлуки се поттикнати не од економски, туку од чисто политички мотиви. Со ова тој сака да остави впечаток пред избирачите дека е силен и не се плаши од конфликти.

Оштетени американски домаќинства

Трамп меѓутоа би требало да знае дека е важен мултилатералниот трговски дефицит, а не само дефицитот со една држава. Намалувањето на увозот од Кина ќе предизвика зголемување на цените на производите за американските домаќинства и нема да создаде нови работни места во САД, туку во Бангладеш, Виетнам и во секоја друга држава од која САД ќе увезуваат челик за да го надоместат кинескиот увоз.

Покрај тоа само во мал број случаи, при кој индустриското производство ќе биде префрлено на американска територија, тоа најверојатно ќе се случи во високотехнолошките зони каде што производството се врши со роботи.

Како што можеше и да се очекува на зголемувањето на царините Кина одговори со закана дека ќе спроведе реципрочна мерка. Со таквата одлука на Кина би биле погодени голем број американски производи пред се, во секторите кои во најголема мерка ја поддржаа кандидатурата на Трамп.

Митот за кинеското Елдорадо

Кинеската реакција беше јасна и одмерена. Таа има за цел да избегне ескалација во односите. Притоа треба да се напомене дека поддршката за Кина се намалува како во САД, така и во Европа. Иако американските и европските избирачи се погодени од процесите на деиндустријализација, Кина не претставува Елдорадо како што сметаа американските компании.

Кинеските фирми станаа поконкурентни, платите во земјата се зголемија и нејзините еколошки норми станаа построги. На големо незадоволство на инвеститорите од Волстрит, Кина многу бавно ги отвора своите финансиски пазари за нив.

Парадоксално е тоа што додека Трамп тврди дека ги штити американските работници, американскиот финансиски сектор ќе има најголема заработка од новата политика на претседателот. Во пракса ако тој успее да ги наметне своите услови, Кина ќе биде принудена да ги отвори своите пазари за осигурителниот и финансискиот сектор.

Загуба на влијанието

Овој трговски конфликт во најголема мерка покажува до кој степен САД ја загубија својата доминантна позиција во светот. Кога пред околу 25 години, тогаш сиромашната и неразвиена Кина, започна да го зголемува својот трговски обем со Западот, речиси никој не претпоставуваше дека таа ќе прерасне во глобален индустриски гигант.

Кина веќе ги надмина САД според обемот на индустриското производство, заштедите, трговијата, па дури и според бруто домашниот производ пресметан според куповната моќ.

Нешто што е уште пострашно за дел од јавното мислење во развиените земји е тоа што Кина не само што може да го надмине своето технолошко заостанување, туку и да стане лидер во еден од клучните сектори на иднината: вештачката интелигенција базирана на голем број податоци.

Заштитата на податоците станува пред се, политички проблем кој отвора голем број прашања поврзани со почитувањето на личниот живот, транспарентноста, безбедноста и регулацијата на економската конкурентност.

Технолошки предизвици

Предноста во тој сектор надалеку ја надминува технологијата. Тој ги опфаќа потенцијално сите економски сектори. Затоа е неопходно постигнување на еден меѓународен договор со кој ќе бидат утврдени нормите за развој и користењето на вештачката интелигенција и соодветните технологии.

Во текот на следните години ќе биде неопходно да се постави „правна рамка“ за меѓународната трговија меѓу држави со различни економски системи, истории, култури и општествени преференци.

Од таа гледна точка, ерата на Трамп претставува опасност бидејќи додека целокупната светска јавност е посветена на неговите твитови и се обидува да не биде вовлечена во катастрофа, светот се соочува со ризик да ги занемари суштинските реални предизвици.

Автор: Џозеф Стилиц, добитник на Нобелова награда за економија и професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе