Украинското Државно биро за истраги објави дека ќе ја истражи авионската несреќа што се случи завчера во регионот Житомир.
Во несреќата загинаа тројца пилоти на украинските воздухопловни сили, меѓу кои и пилот познат по прекарот Џус. Тој бил член на 40-тата тактичка воздухопловна бригада.
Достапните информации покажуваат дека два авиона за борбена обука L-39 се судриле на небото над регионот Житомир. Во моментов се вршат примарни истраги, увид на местото на настанот, распит на сведоци, а наредени се и голем број вештачења, пишува Українська правда.
„Во моментов се спроведуваат примарни истражни дејствија, се врши увид на местото на инцидентот, се распитуваат сведоци, а определени се и комплет вештачења во рамки на кривичната постапка“, соопшти обвинителството.
Според Укрінформ, предистражната постапка ја спроведува Државното биро за истраги.
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Telegram ја потврдија авионската несреќа и информацијата за смртта на пилотите.
„Со жалење ве известуваме дека на 25 август 2023 година се случи страшна авионска несреќа во регионот Житомир. За време на борбена мисија, екипажот на два борбени тренажни авиони L-39 се судрија на небото. Сите тројца пилоти, за жал, починаа. Истрагата е во тек“, стои во објавата.