Живот

Три најубави природни базени на светот

13. јули 2018 - 15:03 | М.Д.

Не постои сомнение за тоа дека, изостанокот на човечко влијание и дозволува на природата да се развие на природен и единствен начин.

Природните базени се создаваат кога солената или слатката вода после бранови останува заробена во карпите, така создавајќи единствена глетка.

Погледнете каде се наоѓаат трите најубави природни базени:

Гиола - природен базен во Тасос, Грција

Овој природен базен, се наоѓа во областа Астрис и претставува незаборавно искуство за секој кој ќе го посети. Во длабочината на карпите се наоѓа прекрасен базен, а многумина кои доаѓаат овде не остануваат на сончање, бидејќи природниот облик на карпите не е ниту малку пријатен за лежење.

Голема сина дупка, Белизе

Еден од најголемите морски феномени е секако Големата сина дупка, која се наоѓа во Атлантскиот океан. Верувале или не, дупката која изгледа како да е исцртана со шестар е под заштита на УНЕСКО, бидејќи нејзиното дно, всушност претставува дом за огромен број на морски организми.

Grotta della Poesia, Италија

Природниот базен, „Пештерска поезија“, се наоѓа во Италија и претставува најегзотичната дестинација во овој дел од Европа. Се состои од подморски комплекс на карпи, формирајќи коцка, која на тој начин го создава овој единствен природен базен.

Коментирај