Три причини зошто боксот е одличен начин за вежбање на телото и умот

А.С.
/ 23.09.2022 / 18:08

Фитнесот и разните режими и програми за вежбање стануваат сѐ попопуларни бидејќи  стануваме посвесни зошто и колку е важно да го одржуваме телото во форма, а со тоа да бидеме поздрави и да се чувствуваме и изгледаме подобро.

 

Ако сметате дека она што го нудат класичните теретани не одговара на вашите потреби или сакате да внесете нешто ново во вашиот режим на вежбање, информирајте се кои се предностите на боксот.

Тренинг за целото тело

Без разлика дали сакате да слабеете, да ги зајакнете рацете или да добиете подобра дефиниција на мускулите, боксувањето е една од најдобрите форми на кардио за целото тело што покажува брзи резултати. Ова е еден од оние типови на вежбање каде ги активирате сите мускули, цел тренинг.

Добар е за концентрација и смирување

Ако мислите ви се разлетани на сите страни по долг ден во канцеларија, боксот е одличен начин да се исклучите од сѐ, да ја фокусирате концентрацијата и енергијата и да се ослободите од стресот. Движењата во боксот и со горниот и со долниот дел од телото бараат концентрација што значи дека мислите нема да ви летаат на сите страни и нема да мислите на сѐ и сешто. Удирањето во вреќата ќе ви помогне да ја исфрлите негативната енергија и да го зголемите нивото на ендорфини, што значи дека од теретаната ќе излезете испотени, концентрирани и без стрес.

Ви дава чувство на моќност

Во споредба со пилатес или трчање, боксувањето ви дава еден голем бонус, што се смета за еден од најголемите мотиватори да се продолжи со работење на фитнес целите, но и целите во животот – чувтвото на моќност. Тоа не значи дека ќе сакате да му ја скршите главата некому, туку дека ќе се чувствувате силни, охрабрени, мотивирани и бестрашни. Ќе имате самодоверба и енергија да се соочите со каква било препрека, а тоа значи дека ја имате моќта во ваши раце.

реклама

Фит

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Read more

Како да излезете од магепсаниот круг на диети и дебелеење?

Read more

4 вежби без опрема што ќе ви го трансформираат целото тело за само 4 недели

Read more

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Read more
 

Магазин

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Читај повеќе

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Читај повеќе

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Читај повеќе