Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој си ја уби бабата

Скопје, 11 декември 2018 (МИА) – По предлог на јавен обвинител на 20-годишното момче од Драчево, кое вчера со нож ја уби својата баба, попладнево му е определен 30-дневен притвор.

– Надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во  траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото, соопшти ЈОРМ.

Јавниот обвинител донел наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство.

Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи ѝ повеќе убодни рани со нож, од кои една засечна рана во пределот на вратот била смртоносна.

-Извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид, велат од Обвинителството.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе