Трофеј Берлускони: Милан и Монца ќе играат во чест на поранешниот сопственик

Фудбалерите на Милан и Монца на 8 август ќе одиграат ревијален  натпревар наречен Трофеј Силвио Берлускони, посветен на починатиот претседател на овие два клуба.

Поранешниот премиер на Италија беше голем фан на Милан и негов сопственик во периодот од 1986 до 2017 година, под чие водство клубот од „Џузепе Меаца“ ги постигна најголемите успеси.

„Росонерите“ под водство на Берлукони освоија неверојатни 28 трофеи, меѓу кои и 5 титули шампион на Европа.

По заминувањето од Милан, Берлускони ја купи Монца во 2018 година и успеа тогашниот третолигаш да го донесе во Серија А за прв пат во историјата, а имаше и план овој клуб да го претвори во европски гигант.

Инаку, натпреварот под името Трофеј Силвио Берлускони ќе го замени традиционалниот натпревар Трофеј Луиџи Берлускони кој Силвио го започна во 1991 година во спомен на својот татко Луиџи. Овој натпревар се играше до 2021 година.

Натпреварот ќе се игра на „Ју-Пауер“ стадионот во Монца.

URL
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе