Тухел: Уништен сум што моето време во Челси заврши

Заминувањето од „Стемфорд Бриџ“ тешко му паднало на германскиот стручњак, отворено призна Тухел.

Поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел, призна дека тешко го прифатил отказот кој го доби на клупата на лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Тухел за прв пат се огласи преку социјалните мрежи, откако пред пет дена доби отказ од Челси по шокантниот поразот од загрепски Динамо (0:1) во хрватската престолнина во натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите.

„Ова е една од најтешките изјави што некогаш сум морал да ја напишам и за која се надевав дека нема да морам да пишувам уште многу години. Уништен сум што моето време на клупата на Челси заврши. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, како професионално, така и лично“, напиша Тухел.

Тој им се заблагодари на колегите, играчите и навивачите на Челси за поддршката.

„Гордоста и задоволството што го почувствував помагајќи му на тимот да ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство ќе останат со мене засекогаш. Горд сум што бев дел од историјата на клубот и сеќавањата од последните 19 месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, додаде германскиот стратег.

URL

Тухел (49) го предводеше Челси на точно 100 натпревари и оствари 60 победи, со 16 порази и 24 нерешени.

Раководството на Челси го избра Грем Портер за нов предводник.

Зсаега нема најави дека Тухел ќе преземе некој клуб. Пред Челси ги водеше ПСЖ, Борусија (Д), Маинц и вториот тим на Аугсбург.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе