Уапсена банда британски хакери кои ограбувале американски ѕвезди

Британската полиција вчера уапси осум лица кои хакирале познати Американци со цел стекнување материјална корист.

Британската национална агенција за борба против криминал (NCA) соопшти дека жртви на хакерите биле спортски ѕвезди, музичари и членови на нивните семејства, а криминалците успеале да влезат во нивните телефони или онлајн профили.

Бандата на тој начин успеала да украде пари, биткоини и лични информации од познати личности и да ги хакира нивните профили на социјалните медиуми, соопшти NCA.

Во истрагата учествуваа и американската тајна служба и федералната полиција (ФБИ).

Осомничените биле уапсени на возраст од 18 до 26 години, а биле приведени во Англија и Шкотска.

„Мрежата била насочена кон голем број жртви во САД и секогаш бирала жртви за кои се претпоставува дека би биле профитабилни цели, како што се познати спортисти и музичари“, рече Пол Крефилд, шеф на операциите во одделот за компјутерски криминал на NCA.

„Знаеме дека украле големи суми пари од своите жртви, од нивните банкарски сметки или биткоини.“

Операцијата SIM-swapping се изведува со преземање контрола врз телефонот на жртвата, главно со деактивирање на СИМ-картичката на нејзиниот мобилен телефон, која потоа се пренесува на СИМ-картичката на член на бандата.

Криминалците потоа ги ресетираат лозинките на апликациите и добиваат пристап до контактите на жртвата, банкарските податоци, профилите за е-пошта и социјалните медиуми.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе