Поранешниот припадник на специјалната единица „Тигри“, Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски што се случи во 2011 година по втор пат е на распит во Специјалното јавно обвинителство.
Оттаму потврдуваат дека Спасов е на распит, кој до пред извесно време се уште траеше, но со оглед на тоа дека предистражната постапка се држи во тајност, од СЈО не соопштуваат детали.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешковски, а за овој случај опозицијата објави и аудио разговори. Тој е повикан на распит во СЈО по втор пат.