УХМР: Нè очекува продолжено лето, постепено заладување во октомври и ноември

Скопје, 1 септември 2022 (МИА) – Есента 2022 година се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона со врнежи под просекот.

Ла Ниња вообичаено носи поле на висок притисок во Атланскиот Океан што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните. За територијата на Република Северна Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот (околу +1°C од просечните).

Ова го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи согласно прогностичките материјали што ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.

– Не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември. Поради Ла Ниња условите можна е појава на студени бранови во доцна есен. Се пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и подпросечна количина на врнежи. Во Република Северна Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во октомври, посочуваат од УХМР.

Просечна есенска температура на воздухот (септември-октомври-ноември) во период 1981-2010 г. се движи во граници од околу 8,0°C во планинските предели до 16,9°C измерена во Гевгелија, а просечните есенски суми на врнежи се од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, информираат од УХМР.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе