Украдени кучињата на поранешната СЈО обвинителка Ленче Ристоска

МИА/КАЈГАНА
/ 21.07.2020 / 15:52

Ленче Ристоска, поранешната специјална јавна обвинителка, на својот профил на Facebook објави дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни, но семејството апелира да им ги вратат.

Астра уште е исчезната

Ристоска напоменува дека нема да покрене постапки против лицата кои ги украле, само сака да им ги вратат кучињата кои осум години се дел од семејството.

„Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите. Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство осум години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Ви благодарам, телефон за контакт – 070389848 Љупчо“, наведува Ристоска.

Во меѓувреме, таа на Facebook напиша дека едно од кучињата, Зоне, е најдено.

„Благодарение на Самет, Зоне е дома! Среќни сме што имаме вакви пријатели и соседи. Се надевам дека ќе ја најдеме и Астра“, напиша Ристоска.

„Доколку во атарот на селата Лешок, Слатина, Теарце или Непроштено забележите куче кое се одзива на името Астра, ве молам да ја задржите и да се јавите не телефон 070389848-Љупчо.

Однапред благодарам!“

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе