Украина: Белоруската војска влезе на наша територија

Б.С.Б.
/ 01.03.2022 / 12:22

Денес, украинскиот парламент на социјалните мрежи објави дека белоруската војска влегла на територијата на Украина, откако претседателот Александар Лукашенко тврдеше дека тоа нема да се случи.

„Белоруски трупи влегоа во регионот Чернихив. Информациите ги потврди портпаролот Виталиј Кирилов од воените сили Север. Следуваат повеќе детали“, стои во објавата.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претходно изјави дека земјата не планира да се придружи на руската инвазија на Украина, негирајќи ги наводите на Киев дека руските трупи ја напаѓаат Украина од белоруска територија.

Според неговите зборови, војската на Белорусија не учествувала и нема да учествува во конфликтот и тврди дека тоа може на сите да им го докаже.

„Руското раководство никогаш не го покрена ова прашања за нас со наше учество. И понатаму немаме намера да учествуваме во оваа специјална операција во Украина. Нема таква потреба. Државната граница ја покриваме со сопствени сили“, заклучи Лукашенко.

Тој истакна дека во Белорусија сите борбени системи се доведени на борбена готовност.

И покрај тврдењата на Лукашенко, постојат бројни извештаи за учество на Белорусија во руската агресија на Украина.

Пред два дена, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Гарашенко соопшти дека ракетите Искандер се лансирани од Белорусија во Украина.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе