Украина: Повративме територија по должината на јужната линија на фронтот, напреднавме на периферијата на Бахмут

Макфакс
/ 26.06.2023 / 12:01

Украина поврати дополнителна територија по должината на линијата на јужниот фронт, а ситуацијата на бојното поле малку се промени во текот на изминатата недела, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

Малијар рече дека од почетокот на украинската контраофанзива украинските сили ослободиле околу 130 квадратни километри на југот на Украина. Таа пред една недела рече дека во контраофанзивата се ослободени 113 квадратни километри.

Малијар за украинскиот јавен сервис прецизира дека минатата недела имало околу 250 судири по должината на источниот дел од линијата на фронтот, кој ги опфаќа насоките Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, наведувајќи дека во таа област сè уште се водат тешки борби.

Украинската армија денес објави дека напреднала меѓу 600 и 1.000 метри на јужниот и на северниот раб на Бахмут (Артјомовск), град што силите на Вагнер го зазедоа во мај.

Украинската армија исто така пријави напредок во саботата, кога силите на руската приватна воена компанија за време на бунтот маршираа кон Москва, пренесува The Guardian.

Не беше можно да се потврдат тие извештаи.

Украинските власти посочија дека востанието на Вагнер во саботата ѝ дало можност на украинската армија да напредува во контраофанзива.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе