ЧИНИ 18 МИЛИОН ДОЛАРИ

Уникатниот Bugatti La Voiture Noire конечно е готов

Уште во 2019 година, Bugatti објави нов уникатен хиперавтомобил наречен La Voiture Noire вреден 18 милиони евра, а сега тој е конечно готов.

Уште оттогаш, La Voiture Noire е фасцинантна тема на разговор за љубителите на автомобили. Bugatti го покажа за Божиќ минатата година и објави тизер минатиот месец, а неговиот купец може да се радува затоа што автомобилот е конечно готов.

Претседателот на Bugatti, Стефан Винкелман е многу горд на новата креација.

„Со завршувањето на работата на моделот La Voiture Noire, уште еднаш покажавме дека сакаме да ги развиваме најсофистицираните хиперспортски автомобили во светот“, рече Винкелман.

Каросеријата е изработена од јаглеродни влакна, а автомобилот го доби името според моделот Type 57 SC Atlantic познат уште како La Voiture Noire, кој му припаѓаше на Жан Бугати, синот на Еторе Бугати, а кој исчезна по Втората светска војна.

Браниците се интегрирани во каросеријата, а шофершајбната личи на визир на кацига, што дава впечаток дека автомобилот е направен од еден дел.

Предните светла се состојат од 25 поединечни елементи, а предната решетка е направена со употреба на 3D печатач.

На задната страна има шест индивидуални издувни цевки, додека внатрешноста е тапацирана со Хавен кафеава кожа.

Режимите на возење се менуваат со притискање на копче направено од ружино дрво.

Засега нема детали за перформансите, а познато е дека автомобилот чини 18 милиони долари.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе