Уставните амандмани ќе ги подготвува експертска работна група, повик до опозицијата за вклучување во процесот

Власта очекува опозицијата да се вклучи во работните групи за уставни промени. Опозицијата пак смета дека се потребни предвремени избори, бидејќи овој парламентарен состав, според неа, нема мандат за промена на Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање повтори дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, што ќе биде координирана од Министерството за правда, со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори.

– Ние во моментов зборуваме за уставни измени, меѓутоа никој од граѓаните не видел како изгледаат тие уставни амандмани. Значи, прва фаза е тие да бидат напишани од страна на експерти. Не зборуваме само за вметнување на Бугарите во Уставот, туку зборуваме и за другите заедници коишто изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав, во којшто веќе има други коишто се вклучени, изјави Ковачевски.

Работната група, додаде тој, ќе вклучува експерти по уставно право и правници, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.

– Сметам дека опозицијата тоа треба да го прифати иако се покажало во минатото дека тие во ништо не сакаат да учествуваат освен во блокирање на Собранието. Меѓутоа, мислам дека овој пат треба да учествуваат, рече Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференција  во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза.

Евроамбасадорот Дејвид Гир на прес-конференцијата во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра, нагласи дека поддршката од Европската унија ќе се зголемува со тек на време, бидејќи пристапниот процес се однесува на спроведување реформи во многу области и нагласи дека идината на земјава и регионот е во ЕУ.

Кога е во прашање корупцијата, тој преодочи дека за овој феномен нема толеранција и не се работи за идентификување поединци, туку за промена на системот.

– Прашањето за корупција е многу важно што навлегува во сржта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите. Ја испитуваме борбата со корупцијата и се трудиме да се бориме со неа во секоја фаза од целиот тој процес. Тука не се работи за идентификување поединци туку за промена на системот за институциите да можат да се борат, да се справат со корупцијата и сите да знаат дека не постои толеранција за корупцијата. Тоа е долгорочен процес во кој сме вклучени и таму имаме важна улога. Владата ја има водечката улога, но има и други, како граѓанското општеството, бизнисите, како и политичките партии, нагласи евроамбасадорот.

За време на собраниската дебата за Извештајот на ЕК за земјата за 2022 година, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера истакна дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено кога станува збор за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работи на планирање на законодавната агенда со приоритет на реформите, но и на уставите измени коишто следуваат.

Според него, најдобро за државата и за граѓаните кога се работи за европската агенда и зачленувањето во ЕУ, е да ги оставиме партиите и партиските интереси на страна и да надвладее одговорноста кон граѓаните и заеднички да бидат сработени обврските од најголемиот македонски проект - обезбедување на членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Со храбри, мудри и државнички одлуки Владата во вистински момент направи историски чекор после 17 години чекање пред вратите на ЕУ, рече Маричиќ пред пратениците, нагласувајќи дека земјава е на половина пат на скрининг процесот.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на дебатата потенцираа дека оценката во овој Извештај за напредокот во државата е 1,61, а во 2020 оценката била 2,0 и оти „проевропската коалиција“ и земјата назадуваат.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извештајот е на 145 страни и тоа се „исто толку критики за работата на Владата“ и „вербални шамари“ за владејачката коалиција. Тој го повтори барањето на опозициската партија да се организираат предвремени избори, па потоа да се разговара за уставни измени. Според него, на владејачкото мнозинство му недостига двоцифрена бројка на пратеници за мнозинство за уставните измени, а не толку колку што тврди.

Пристапните преговори со ЕУ, земјава ги почна на 19 јули, минатата година, а во моментов во тек е билатералниот скрининг кој треба да заврши на крајот од годинава. За да продолжи втората фаза од пристапните преговори услов се уставните измени.

Засега не е обебзедено двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени, но кај ЕУ, сепак постои оптимизам дека тоа ќе се случи. Можност да се создадат услови за поддршка на уставните измени, според порано изнесени оценки од ЕУ, се гледа пред се низ водење рационална дискусија со сите политички субјекти за тоа зошто се потребни измените на Уставот, што ќе донесат и какви импликации ќе имаат, особено во однос на стратешката цел на земјата за ЕУ членство.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе