Утре ги отвораме границите, на 22 јуни хотелите

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) –Како што соопшти владината прес-служба, Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

На денешната седница Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, и од утре протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Северна Македонија. Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

На денешната седница е донесен и Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на COVID-19.

Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во Република Северна Македонија, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.

Владата, како што стои во соопштението, денеска даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетските средства во наредните 2020, 2021 и 2022 година на Министерството за здравство, за Реконструкција, пренамена и адаптација и доградба на ЈЗУ Општа Болница Кичево.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати текстот на Петтиот извештај на Владата на Република Северна Македонија по Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа и го задолжи Министерството за надворешни работи да го достави извештајот до Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа најдоцна до крајот на јуни 2020 година.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе