Скопје, 1 август 2018 (МИА) – Во текот на утрешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално тоа ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Нестабилно ќе биде и вo петок, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.