Вака се прави тизер за хорор!

Објавен е првиот тизер трејлер за хорор филмот The Watchers.

Овој филм го означува режисерското деби на Ишана Шјамалан, ќерката на популарниот режисер на хорори М. Најт Шјамалан. Филмот е работен според истоимениот готски роман од 2021 година на писателот А.М. Шајн.

Заплетот на The Watchers ја следи 28-годишната уметница Мина, која се наоѓа во огромна шума во западна Ирска. Кога Мина ќе најде засолниште, таа несвесно се заглавува со тројца странци кои секоја вечер ги набљудуваат и демнеат мистериозни суштества.

Во морничавиот тизер трејлер, Мина зјапа во ѕид направен целосно од стакло. Странците со кои таа е во собата ѝ велат дека ѕидот е всушност прозорец, но тие не гледаат надвор. Толпа доаѓа да ги гледаат секоја вечер, а Мина штотуку стана нивното најново дополнување.

Remote video URL

Главната улога во филмот, Мина, ја толкува Дакота Фенинг, а во актерската екипа се и: Џорџина Кембел, Оливер Финеган, Олвен Фуере, Хана Хауланд, Алистер Брамер, Шејн О'Реган, Шон Т. О Мелаи, Ентони Морис и други ѕвезди.

Фановите на книгата изразија задоволство од тизерот во коментарите, и додаваат се надеваат дека и филмот ќе биде добар.

Премиерата на филмот во светските кина започнува на 5 јуни 2024 година.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе