Вакцините се безбедни, граѓаните го преферираат Pfizer

МИА
/ 20.03.2021 / 09:48

Здравствените власти тврдат дека секоја вакцина која што е сега присутна, или допрва ќе влезе во земјава, ќе биде безбедна за користење. Системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива масовната имунизација на населенито што треба да почне со вакцините на AstraZeneca и на кинески Sinopharm, кои се очекува да пристигнат на крајот на март и почетокот на април, а потоа и со Pfizer и руската Спутник V. Јавноста, пак, е поделена околу вакцинирањето против COVID-19, а најпреферирана е вакцината на Pfizer.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на AstraZeneca поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, дефинитивно го демантираше Европската агенција за лекови, која потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.

– И затоа сега сите европски земји коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на AstraZeneca. И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен случај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.

Тој потенцира дека прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на AstraZeneca, доколку претходхно не стигнат кинеските вакцини.

Прашан дали како министер за здравство заедно со некои други политичари ќе се вакцинира со вакцината на AstraZeneca за да ги увери граѓаните дека е безбедна, Филипче рече „дефинитивно да“.

– Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно, изјави Филипче.

Од друга страна, јавноста е поделена околу вакцинирањето против COVID-19. На ОМНИБУС истражувањето спроведено од БРИМА од 24 февруари до 9 март 2021, 37 отсто од граѓаните изјавиле дека сакаат да се вакцинираат додека 36 проценти експлицитно изјавиле дека „нема да се вакцинираат, односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Речиси една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици.

Анализата покажува дека 52 отсто од испитаници на возраст од над 55 години сакаат да се вакцинираат, наспроти само 35 проценти од граѓаните на возраст од 35 до 54 години и 24 отсто од анкетираните во старосната категорија од 15 до 34 години.

Според работниот статус на испитаниците, 61 проценти од пензионерите сакаат да се вакцинираат, а кај другите категории – вработените, невработените, домаќинки и студентите процентот се движи во опсег од 21 до 36 отсто. Од друга страна, 41 проценти од испитаниците од урбаните средини сакаат да се вакцинираат, наспроти 32 отсто од оние што живеат во руралните средини.

Меѓу испитаниците најмногу преферирана е вакцината на Pfizer/BioNTech (22 отсто), потоа е руската вакцина Спутник V (17 проценти), 7 отсто би ја преферирале кинеска вакцина, 5 проценти се за AstraZeneca и 3 отсто за Moderna. Една четвртина (25 проценти) не знаат со која вакцина би сакале да бидат вакцинирани против COVID-19, а на 20 отсто им е сеедно со која вакцина ќе бидат вакцинирани.

– Ова истражување иницира повеќе дополнителни истражувачки прашања меѓу кои се и зошто помладите во повисок процент не сакаат да се вакцинираат, кои се причините што влијаат за оваа поделеност во јавноста во врска со вакцинирањето, како и во врска со изборот на типот на вакцина, дали се граѓаните доволно информирани за ефикасноста на вакцините – од кои и какви извори на информации и каква е потребата за широка кампања за подигнување на свеста во врска со вакцинирањето и вакцините, наведуваат од БРИМА.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 999 случаи на коронавирусот од направени 3.566 тестирања. Починаа 21 лице, а оздравени се 711 пациенти.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1.224 ковид-пациенти и има околу 317 празни болнички кревети.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 520 лица сомнителни и потврдени за COVID -19. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид-центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија.

Во ковид-центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, најмногу во Прилеп 107, во Куманово 102, во Охрид 91 и Битола 73.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 711.437, на оздравени е 99.837, а на починати 3.424. Бројот на активни случаи изнесува 14.176. Досега во земјава се направени вкупно  582.489 тестирања за COVID-19.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more
 

Ново

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе
  • filter

Поглед во кабриолетот Batur Convertible на Bentley

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе